MZKIHI-logo МЗКИХИ
MK EN
Македонско здружение за контрола на интрахоспитални инфекции

Добредојдовте на

МЗКИХИ


Едукативно


ИНФЕКЦИИ НА ВЕНСКИ КАТЕТЕРИ

Виш Науч.сор.Др. Весна Герасимовска

Наместо вовед...

  • Интраваскуларните катетери се неопходни во секојдневната медицинска пракса, особено во единиците за интензивна нега.....
  • Со нивната употреба пациентите понекогаш се изложени на зголемен ризик од настанување на локални инфекции на местото на инсерцијата на катетерот, инфекции поврзани со користењето на овие катетери, септичен тромбофлебит, ендокардит и други метастатски инфекции (апсцес на мозокот, остеомиелит.....итн)

Интраваскуларните катетери првенствено се разликуваат според:

  • Типот на крвниот сад во кој се пласираат (периферен венски, централен венски или артериски)
  • Планираното време на користење привремени или трајни–пократко/подолго користење
  • Местото на инсерција субклависки, феморален, југуларен, периферно внесен централен катетер)
  • Патот од кожата до крвниот сад (поткожен или директна пункција)
  • Должина (долги или кратки)
  • Специјални карактеристики на катетерите (импрегнирани со хепарин, антибиотици или антисептици, број на отвори...)

Типови интраваскуларни катетери

  • Периферни венски катетери
  • Периферно внесени централни катетери
  • Централни венски катетери (ЦВК)
  • Тунелизирани ЦВК
  • Дијализни ЦВК
  • Имплантирани порти

Периферни венски катетери

  • Најчесто поставувани катетери
  • Индикации: и.в. инфузии,парентерална антибиотска терапија, крвни деривати
  • Контраиндикации: не се препорачуваат за долга употреба; одредени цитотоксични лекови не смеат да се даваат;тотална парентерална нутриција и медикаменти со pH пониско од 5 или повисоко од 9
  • Краткотрајна употреба (<1-3 недели), мораат да се менуваат на секои 48-72 часа
  • Доколку катетерот е пласиран ургентно, без запазување на асептичната техника, треба да се замени во првите 24часа

Поставувањето на периферните венски катетери е секојдневна процедура на медицинскиот персонал:

  • Се мијат рацете,
  • Кожата на местото на инсерција на катетерот се чисти со алкохол најмалку 30 секунди, се чека да се исуши
  • Се ставаат ракавици за еднократна употреба
  • Се поставува пациентот во саканата положба
  • Се спроведува интервенцијата
  • По интервенцијата се става преврска (транспарентна лепенка)

Периферно внесени централни катетери (PICC lines)

  • Најчесто место на инсерција се вените на рацете(цефалич-на,базилична или брахијална вена) а врвот на катетерот завршува во v.cava superior или десна преткомора, може да се користи од неколку недели, до неколку месеци
  • Индикации: АБ терапија,тотална парентерална терапија, хемотерапија

Централни венски катетери (ЦВК)

  • >5 Милиони катетери се пласираат годишно,
  • Се употребуваат за мерење на централен венски притисок;терапија со течности и/или токсични лекови;хиперосмоларни р-ри; хемодинамска или нутритивна подршка;лимитирани периферни пристапи ;брза инфузија на големи количини на р-ри
  • Привремен васкуларен пристап за хемодијализа
  • Место на инсерција: субклависка, југуларна и феморална вена (перкутана инсерција)

Тунелизирани ЦВК

  • Се користат кај пациенти со лош венски пристап (наркомани, екстремна дебелина...)
  • Изработени се од силикон и полиуретан
  • Се користат за пролонгирана интравенска терапија (хемотерапија, антибиотици),или терапија со иритирачки лекови кои предзвикуваат оштетување на вените (инфузии со осмоларност >280-300 mOsm);тотална парентерална нутриција;состојби кои бараат секојдневно земање на крв

Имплантирани порти

  • Портите се составени од катетер кој се имплантира под кожата и завршува со порта која е направена од челик, титаниум или пластика со мембрана од латекс.
  • Резервоарот хируршки се пласира поткожно под клавикула
  • Дизајнирани се за да овозможат во долг временски период повторуван пристап до венскиот систем за инфузија на парентерални медикаменти, течности, нутритивни р-ри и земање на крв
  • Најчесто се поставуваат кај онколошки пациенти,се прошприцуваат месечно

Типови на инфекции на интраваскуларни катетери

  • Инфекција на влезното место на катетерот (exit-site) инфекција (црвенило, болна осетливост, исцедок..)
  • Тунел инфекција – црвенило и болна осетливост вдолж поткожниот тунел каде е пласиран катетерот
  • Катетер-поврзана инфекција – треска , температура >380 С, се потврдува со земање на хемокултура од катетерот и од периферна крв, со исклучување на друг пат на настанување на инфекцијата

Препораки за спречување на катетер-поврзаните инфекции

  • Избор на катетери и место на инсерција
  • Кај возрасни како прв избор употребете ги горните екстермитети за пласирање на периферниот венски катетер,
  • Кај децата подеднакво се користат долните и горните екстремитети и скалпот кај новородените,
  • Избегнувајте употреба на челични игли за администрација на течности или лекови кои можат да предизвикаат некроза на ткивото ако лекот отиде паравенозно
  • Секојдневно палпирајте го местото на инсерција на катетерот дали постои осетливост и набљудувајте ја преврската
  • Извадете го периферниот венски катетер доколку пациентот има знаци за флебитис (топлина, црвенило, болна осетливост, оток), инфекција или малфункција на катетерот

Препораки за спречување на катетер-поврзаните инфекции

  • Инфузиониот систем кој се користи за давање на крв, крвни деривати или липиди било комбинирани со аминокиселини и гликоза во однос 3:1 или во инфузија поединечно треба да се заменуваат во тек на 24часа од почетокот на давањето, и оваа инфузија треба да се заврши во рок од 24ч
  • Инфузијата на крв или крвни деривати треба да заврши во тек на 4 часа ( не смее да виси подолго време)
  • Периферните венски катетери менувајте ги секои 72-96 часа за да се избегне појавата на флебитис
  • Кај педијатриските пациенти периферните венски катетери треба да се остават додека трае венската терапија, освен ако се појават компликации од типот на флебитис или инфекција.

Препораки за спречување на катетер-поврзаните инфекции

  • Хигиена на рацете и асептична техника
  • Спроведувајте ги процедурите за хигиена на рацете (миење на раце или брза дезинфекција на рацете со алкохолни дезинфициенси) -пред и по инсерцијата на катетерот, или по секоја манипулација на катетерот
  • Асептична техника за инсерција и грижа на ЦВК
  • Ставете ракавици за една употреба за инсерција на периферните венски катетери
  • Стерилните ракавици треба да се носат при инсерција на ЦВК или PICC
  • Носете обични или стерилни ракавици при промена на преврската на ЦВК
  • Во текот на поставувањето на ЦВК мора да бидат максимално запазени сите стерилни бариери (пр. капа, маска, стерилни ракавици, наметка, стерилна компреса

Препораки за спречување на катетер-поврзаните инфекции

  • Подготовка на кожата
  • исчистете ја кожата со антисептични средства (70% алкохол,раствор на јод, алкохолен хлорхексидин...) пред инсерција на периферниот венски катетер
  • исчистете ја кожата со антисептични средства >0,5% (2%) препарати на хлорхексидин или повидон јод (7,5% и 10%) пред инсерција на ЦВК но и пред секоја преврска
  • повидон јодот треба да се остави најмалку 2 минути на кожата за да се постигне антибактерискиот ефект, а хлорхексидинот нема потреба да отстојува и процедурата може да отпочне веднаш откако кожата ќе се исуши

Препораки за спречување на катетер-поврзаните инфекции

  • Преврски на катетерите
  • певрските правете ги со стерилна газа (два пати неделно) или стерилни транспарентни семипермеабилни лепенки (еднаш неделно)
  • Сменете ја преврската доколку истата е валкана, крвава или одлепена
  • Не ставајте локално антибиотски масти на инсерционото место на катетерот бидејќи ќе провоцирате фунгална инфекција или антимикробна резистенција
  • Проверете дали средството што го користите за чистење на кожата е компатибилно со материјалот од кој е изработен катетерот
periferni venski katetari

Периферни венски катетери

dijalizni cvk trajni

Втор степен

cvk trajni

Централни венски катетери (ЦВК)-Трајни

dijalizni cvk

Дијализни централни венски катетери (ЦВК)-Привремени